Македонија
СОНК избира нов претседател
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура по пат на тајно гласање, пладнево на Петтиот конгрес го избира новиот претседател. Кандидати се Јаким Неделков и Веле Георгиевски
Досегашниот претседател Дојчин Цветановски кој со синдикатот раководеше осум години во следниот период останува во раковдството со синдикатот како член на работното претседателство. „СОНК овие години беше многу пати на насловните страни во весниците. Јавно се поставуваше прашањето дали сме владин или антивладин синдикат. Ниту сме владин ниту антивладин синдикат. Туку сме само синдикат многу конструктивен и коректен. Секогаш подготвен да ги прифатиме реалните можности што ги има државата и покрај тоа што ни беше нудено далеку помалку од реалните можности“ – рече Цветановски во денешното обраќање пред членовите на СОНК, министерот за Образование, како и пред стратешките партнери – Американската асоцијација на наставници и холандскиот синдикат за образование. Министерот Никола Тодоров во своето обраќање до присутните истакна дека партнерскиот однос помеѓу Владата и СОНК претставува врвен приоритет како еден од предусловите за подобрување на правата на вработените во образованието „И покрај проблемите со кои се соочуваат најголемиот број од земјите во светот во овие времиња на економска криза, ние како Влада ќе направиме се што е во нашите можности да не дозволиме намалување на даноците, намалување на платите отпуштања или било какво намалување на правата на вработените во образованието и науката“ – рече Тодоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

