Македонија
Јанакиески во Кина по инвеститори
Македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој престојува во посета на Кина, им понуди на локалните компании кои сакаат да работат на европскиот пазар, тоа да го сторат преку Македонија
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска остварил со Донг Јонган, Директор на одделот за транспорт и комуникации на покраината Хенан во Кинам, кого го информирал дека македонскиот пазар на телекомуникации е целосно либерализиран.Воедно Јанакиевски на својот кинески домаќин му ги претставил условите и поволностите за инвестирање во Република Македонија. Министерот Јанакиевски ги претставил и проектите за изградба на пан-европските коридори кои поминуваат низ Македонија, проектот за модернизација на аеродромите по пат на концесија, како и проектот за гасификација на Република Македонија. Предвидено е денеска Јанакиески да ја посети фабриката на Zhengzhou Yutong Group co ltd, каде ќе треба да го види прототипот од автобусот кој ќе се користи во јавниот градски превоз во Скопје и ќе оствари работна средба со претседателот на компанијата, Њу Бо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

