Македонија
Муслиманите во Македонија незадоволни од челниците на ИВЗ
Муслиманите со голема доверба во Исламската верска заедница, но незадоволни од челните луѓе во организацијата, е заклучокот од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики
Мнозинството муслимани во Македонија, 77,6 отсто, имаат доверба во Исламската верска заедница. Процентот кој немаат доверба е 22 проценти, а само 0,4 отсто од муслиманите не можат да дадат оцена. Ова се резултати од истражувањето за довербата во ИВЗ кое го спроведе Центарот за истражување и креирање политики, во периодот 28, 29 и 30 август 2010 г., на примерок од 716 испитаници. Истражувањето утврдило дека високиот процент на доверба во ИВЗ (77,6 отсто) не значи и доверба во раководните органи. На прашањето „Дали мислите дека со ИВЗ треба да раководи сегашниот претседател?“, само 32,2 отсто од муслиманските верници во Македонија одговориле со Да, додека 35,5 отсто од нив сметаат дека тој не треба да раководи со оваа институција. По ова прашање немаат став 32,3 проценти од испитаниците. Кога станува збор за прашањето „Дали мислите дека со Исламскат авереска заедница треба да раководи сегашниот рпетседател?“, според етничката структура на испитаниците кај Албанците 31,1 отсто одговориле потврдно, 35,6 негативно, а со „не знам“ одговориле 33,3 отсто. Кај Македонците интересно е што 50 проценти се изјасниле на истото прашање со „Да“ и исто толку проценти со „не знам“.Испитаните Турци 46,8 отсто го поддржуват сулејман реџепи на чело на ИВЗ, 28,1 отсто не го поддржуваат а 25,1 отсто немале одговор. Ромите, пак, се поделени по 50 посто за поддршка и против Реџепи. Во бошњачката заедница 33,4 отсто имаат доверба во актуелниот претседател на ИВЗ а 66,6 отсто немаат доверба во него.И довербата на муфтиите беше дел од истражувањето. На прашањето „Дали имате доверба во муфтиите во вашиот град?“, 43,4 отсто од муслиманите одговориле со „Да“, додека со „Не“ одговориле 27,8 проценти. Другите 28,8 отсто испитаници, немале мислење или не ги познаваат муфтиите. На прашањето „Дали треба да раководи сегашниот муфтија?“, поголемиот дел, или 31,7 отсто, одговориле дека немаат мислење или со не го познавам а 25,7 проценти со „Не“, што заедно сочинуваат 57,6 отсто, додека 42.4 проценти одговориле со „Да“. Голем дел од испитаниците сметаат дека ИВЗ не работи транспаретно. Збирот на граѓаните коишто одговориле со „Не“ (33 отсто) и со „Не можам да проценам“ (25 отсто) прави 58 проценти од граѓаните да имаат негативен одговор за работата на оваа инситуција. Само 42 отсто сметаат дека ИВЗ работи транспарентно. Натаму во анкетата е даден преглед на довербата на оваа институција по градови низ Македонија. Речиси 70 отсто од муслиманите во Скопје имаат доверба во Исламската верска заедница, додека другите 30 отсто немаат доверба во оваа институција. На прашањето „Дали со оваа институција треба да раководи сегашниот претседател, со „Да“ одговориле само 17 отсто од скопските муслимани, додека со „Не“ одговориле 50 отсто а другите 3 проценти го дале одговорпт „не знам“ и „не можам да проценам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

