Македонија
Новиот клинички центар подостапен за граѓаните
Министерот за здравство Бујар Османи ги образложи денеска причините за изградбата на новиот Клинички центар, во кој во наредните десет години комплетно ќе биде преселен сегашниот Универзитетски клинички центар
Како што рече Османи, причините за нов клинички центар се поделени во две групи, во првата група се причините како недостапноста на постоечкиот Универзитетски клинички центар односно потешкотиите при доаѓањето до истиот. Втората група на недостатоци, како што рече Османи, ги опфаќа фрагментираноста на сегашниот Универзитетски центар, тоа што зградите се меѓусебно раздвоени без постоење на топли врски и ходници со што се оддолжува времето на третманот и пациентот се изложува на дополнителни внатрешни влијанија. Покрај тоа, се удвојуваат и капацитетите, нерационално се користат ресурсите бидејќи постојат исти операциони сали и апарати во различни згради, преголем број на болнички кревети во однос на работната оптовареност, како и потешкотии при менаџирањето. Директорот на агенцијата за планирање на просторот Огнен Апостолски рече дека покрај одличната достапност на новиот клинички центар, голема предност е планот да се изгради железнички и автобуски терминал за да се обезбедат сите видови на пристап и поврзување со сите центри во регионот. Според физибилити студијата, која Владата ја усвоила пред неколку месеци, целокупната релокација на Клиничкиот центар ќе чини околу 450 милиони евра. Според проектот, центарот ќе се простира на површина од 195.000 метри квадратни, ќе биде опремен со најсовремена технологија и ќе содржи околу 50 отсто еднокреветни соби што ќе овозможи приватност за пациентите и нивните семејства. Двете можни локации на кои ќе се гради Клиничкиот центар се населбата Бардовци и во близина на касарната Илинден. На прашањето колку чинела физибилити студијата која ја изработила француска консалтинг групс, министерот Османи немаше прецизна цифра бидејќи студијата ја финансирала Европската инвестициона банка, но како можна сума ја наведе 200.000 долари. На полемиката чија е идејата за релокацијата на Клиничкиот центар , Османи кажа дека нема да зборува за тоа дали е нова или стара идеја и кој прв ја имал, туку кој преземал иницијатива да ја реализира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

