Македонија
Познати добитниците на наградата 13-ти ноември за 2010-та
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, на ги избра добитниците на наградите за значајни остварувања што претставуваат посебен придонес за развојот на главниот гради за неговиот севкупен напредок и афирмација
Наградата што се доделува по повод денот на ослободувањето на Скопје, во категоријата правни лица ја доби најстариот фестивал на детската песна во земјава, „Златно славејче“ за долгогодишна културна и уметничак дејност. Во категоријат поединци и групи за 2010 г. наградата „13 Ноември“, признанието го добија д-р димитар Ќорнаков за моногграфиите „Македонски манастири“, „Царски двери“ и „Македонска резба“, проф. Зорица Каракутовска за долгогодишни остварувања во областа на образованието и воспитувањето, проф. д-р Илија Џонов за долгогодишна научно истражувачка дејност во областа на здрвството, Јордано Цеков – Дане за монографијата „Како беше ослободено Скопје“, проф. д-р Љупчо Ајдински за врвни научни достигнувања во хуманитарната дејност, Мирче Јанушевски за постигнати врвни резултати во спортот на учениците и студентите и Сашка Грујовска, уечничка во трета година во СУГС „Георги Димитров“ за континуиран одличен успех и активно учество во наставните и вонаставните активности и постигнати резултати на меѓународни, републички и регионални натпревари по математика и по физика.Наградата на странски државјани за нивнито придонес во афирмацијата и развојот на Скопје им припадна на проф. д-р Гертрауд Милер од Германија за развојот на едукацијата во областа на социјалната работа и менталното здравје во Македонија.Наградите за поединците се движат од 80 илјади денари или вкупно 400 илјади за петмина денари, а за двајца добитници – ученици и студенти, паричниот дел изнесува 40 илјади денари или вкупно 80 илјади
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

