Македонија
Иванов: Проблемот со Грција, единствена пречка за Македонија

Подгорица 03.11.2010 (Макфакс) – Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Подгорица изјави дека проблемот со Грција е единствената пречка за Македонија на патот кон членството во Европската Унија и НАТО јавува Бета.
Иванов ова го изјави по разговорите со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на почетокот на официјалната посета, на која ќе остане до петок.
Иванов рече дека на Македонија би и одговарало кога ЕУ, во врска со спорот меѓу Македонија и Грција за името би постапила како што тоа го направи во словенечко-хрватскиот спор околу делот на територијата.
Црногорскиот претседател рече дека Црна Гора е заинтересирана што побрзо да се реши спорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со тоа Македонија би можела наскоро да стане членка на НАТО и ЕУ, што е во интерес на регионот.
Двајцата претседатели оценија дека меѓудржавните на Црна Гора и Македонија се одлични, но се согласија дека економската соработка е ограничена, поради лошите сообраќајни врски меѓу Подгорица и Скопје.
Иванов разговарал и со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, а најавена е и негова средба со премиерот Мило Ѓукановиќ.
Кривокапиќ оценил дека меѓу Црна Гора и Македонија постои висок степен на разбирање бидејќи предизвиците од минатото на двете земји се слични, а сега се поклопуваат и нивните обврски за членството во ЕУ./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век.
Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
Според православната традиција денес се осветуваат водите и се одржуваат манифестациите за фаќање на светиот крст. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.
Годинава за првпат денешниот празник се очекува да помине без традиционалното скокање по светиот крст, поради епидемијата со Ковид-19.
Според најавите, денот ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во пресрет на празникот рече дека за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.
Македонија
Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој по должина на Повардарието ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 8 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степена, јави УХМР.
До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. В четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд.
Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.
Македонија
Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.
„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.
Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, наведе МТСП.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира