Македонија
Побарано поместување линијата на Националниот парк Галичица

Охридските пратеници од власта и опозицијата бараат да се помести долната граница од Националниот парк Галичица поради реализација на одредени инфраструктурни проекти и планови во населените места на крајбрежјето кои влегуваат во строго заштитената зона на паркот.
На вчерашната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов посочи дека границата на националниот парк на места поминува низ села, поради што подобро е строго заштитениот дел да се шири нагоре, а не кон езерскиот брег.
Пратеникот на СДСМ Томе Чингоски побара покрај јавните установи, со националниот парк да располагаат и општините на чија територија тој се протега.
На вчерашната седница Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија оцени дека Предлог – законот за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк во прва фаза е прифатлив и може да оди на натамошна процедура.
Законот ќе овозможи донесување план за управување и просторен план за Националниот парк Галичица. крај/охридњуз/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.