Македонија
Георгиевски: Ако досиејата се точни, во 2001 владата била сменета со војна
Ако се докаже дека досиејата се точни, произлегува дека Владата на Љубчо Георгиевски била сменета со војна
Ова е констатација на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската новинска агенција Фокус. „Сметам дека досиејата кои што во моментов се актуелни во Македонија, се однесуваат на лидерите на Демократската унија за интеграции (ДУИ), кои беа и раководители на ОНА. Ова што се случува денес, најверојатно е поради финансиски бенефиции на оние кои ги даваат таквите документи. Самото појавување на поранешниот раководител на УДБА, кој јавно кажа дека постоеле такви досиеја и такви луѓе, ако погледнеме од политички аспект, повторно станува збор за дискредитирање на Србија. Мислам дека некој поранешен удбаш нема да си дозволи свесно да ја деградира политиката на Србија. Затоа сметам дека станува збор за приватни интереси, за некој кој платил за тие досиеја и некој кој ги купил овие досиеја. Тоа е моја проценка. Не е кажано, сепак дека е точна. Она што е интересно во целата историја е дека тие досиеја се однесуваат на луѓе кои за време на 2001 година ја направија војната во Македонија. Затоа мојата констатација е дека, ако излезе дека досиејата се точни, владата на Георгиевски во 2001 година била симната со војна“ вели Георгиевски. Во интервјуто, Георгиевски вели дека е изненаден од тоа што македонската влада многу малку работи на тоа, да ги побара досиејата од официјален Белград.„Повеќе слушаме дека Белград нема да ги даде, а официјално никој не ги ни побарал“, вели Георгиевски. Тој додава дека од расветлувањето на досиејата и на се што останало од 2001 г. имаат интерес и Македонците и Албанците, како и демократска Србија. „Сите треба да се бориме против тие стари структури кои сè уште ги контролираат нашите држави“ додава Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

