Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: МЦЕО исполнува партиска, а не европска агенда
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно обвини дека невладината организација Македонски Центар за европско образование (МЦЕО) исполнува партиска, а не европска агенда.
Сметаат дека денешната изјава на извршниот директор Лидија Димова, според која, организацијата во најголем дел се финансира со средства од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија (ФИООМ), е признание за блискост со СДСМ и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски.
„Денеска стана јасно дека ја говориме вистината. Луѓе од највисоките кругови на СДСМ, нивни роднини како и луѓе финансирани од СОРОС- Македонија, лажно се претставуваат како претставници на невладини организации. Македонскиот центар за европско образование е еднаква на Сорос-Македонија, а СОРОС Македонија е еднаква на Бранко Црвенковски и СДСМ. Стана јасно дека Македонскиот Центар за европско образование, организација блиска на СДСМ, не исполнува европска агенда, туку агенда на партија. Македонскиот центар за европско образование како организација која одработува за СДСМ, постои само затоа што добро се платени од Владимир Милчин и неговата СОРОС Македонија. Впрочем сето ова е разработено во аферата НАДЕЖ“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, ова е најдобар доказ дека, како што велат, СДСМ не се откажува од реализацијата на стратегијата содржана во „Надеж“. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

