Македонија
Министерот Маневски нема веќе да биде член на Судскиот совет?
По критиките во Извештајот на ЕК за членувањето во Судскиот совет на министерот за правда, Маневски, рече дека е покрената иницијатива да се измени амандманот со кој во Советот нема да членуваат министерот и претседателот на Врховниот суд
„Законот за судови, за Судски совет, за управните спорови и за судска служба се на собраниска седница на 15 ноември и се очекува да бидат донесени. Овие закони стојат како препорака во Извештајот“, рече министерот Маневски. На денешната прес конференција Маневски информираше дека Владата усвоила информација за измени во законот со кој ќе се овозможи лицата кои се со две државјанства да бидат предадени на друга држава каде го сториле кривичното дело. Вакви уставни измени направија и Хрватска и Србија а Маневски рече дека ова е со цел никој кој сторил казнено дело да не може да се извлече од казнената одговорност повикувајќи се на двојното државјанство. Обајвениот извештај од Европската Комисија, Маневски ги оцени како објективен и позитивен во имплементацијата на реформите. Тој додаде дека е констатиран позитивен напор во работата на Судскиот совет, почитување на принципот на правична застапеност, применет е системот на кариера, а во Извешајот се наведува дека од 26 судии кои се избрани во повисоките судови 22 судии доаѓаат од самото судство што според Маневски значи дека во одреден степен веќе се имплементира она што претставува нови решенија во законот за судовите. „Констатирано е подобрено управување со буџетот, а наведени се континуираните напори да се подобри ефикасноста на судството. Во Извештајот стои дека бројот на заостанати предмети во судовите во 2009 година во однос на 2008 година е намален за 15 отсто, додека електронското управување со предметите е целосно имплементирано“, појасни Маневски. Во Ивештајот на Европската Комисија беше изразена загриженост поради притисокот врз независноста на судството и мешањето на извршната во судската власт, за големите судски порцеси кои останале без епилог итоа што канцеларијата на Јавниот обвинител нема интернет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

