Македонија
Граѓаните имаат голем интерес за кампањата на ЕВН и ЕЛЕМ
Кампањата на енергетските компании EVN Македонија и ЕЛЕМ, со која на граѓаните им се нуди тужените долгови да ги платат на рати без камата, прифатена е со голем интерес
Како што информираат за Макфакс од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје. Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја. Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило од старото Електростопанство, за што има обврска да ги наплати за сметка на државните Електрани на Македонија. Двете компании се откажаа од каматата со цел граѓаните да имаат што подобра можност да ги платат тужените долгови. Можноста за склучување на спогодбите трае до 31 Декември 2010 година, а во зависност од висината на долгот, домаќинствата може истиот да го платат на 12 рати без камата, додека компаниите, тужениот долг може да го исплатат на 6 рати без камата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

