Македонија
Марш на толеранција за политичка култура
Маршот на толеранција кој оваа година се одржува по втор пат, ќе биде посветен на политичката (не) толеранција, односно на зголемувањето на политичката култура и дијалогот кои отсуствуваат во земјата, изјавија организаторите на маршот.
„Видовме дека има потреба од различни групи на граѓани, кои се обраќаат до нас посебно заради процесот на донесување на законот за заштита од дискриминација, и сакаме да покажеме дека и во Македонија има група на граѓани кои се отворени и ги прифаќаат различностите и сакаат да живеат во општество кое е демократско и толерантно“, рече Гордана Несторовска, извршен директор на Хелсиншкиот Комитет за човекови права и додаде дека оваа година имајќи ги предвид случувањата во земјата решиле апелот на маршот на толеранција да биде за политичката толеранција.
Таа рече дека според сознанијата на Хелсиншки, во земјата најчеста е политичката дискриминација и затоа овој марш ќе претставува апел за поголема соработка помеѓу политичките партии, кои треба да внимаваат како меѓу себе се однесуваат и која порака ќе ја пратат до граѓаните.
„Политичката нетолеранција, отсуството на политичка култура и дијалог во земјата битно влијаат на сите други сектори во животот на граѓаните на Македонија. Меѓуетничките односи, односите меѓу луѓето воопшто, развојот во земјата на сите нивоа е страшно загрозен заради отсуството на политичката култура и дијалогот, дијалогот по сите основи е запрен или е забавен“, рече Џабир М. Дерала, Претседател на НВО „Цивил“.
Тој вели дека секојдневно има флагрантни кршења на човековите права, но никој сериозно не се занимава со таа ситуација.
„Веруваме дека ние како граѓанско општество каде припаѓааат и медиумите, ако кажеме што е можно погласно не, за нетолеранцијата, што е можно погласно не за насилството кое го има на различни основи, како на пример кога политиката врши насилство врз медиумите, а тоа се рефлектира на целата јавност, сметаме дека можеби нешто ќе се промени во позитивна насока во земјава“, рече Дерала.
Маршот под мотото „Правда, Слобода, Еднаквост!“ ќе започне утре на пладне од пред Музејот на Град Скопје, а ќе заврши пред платото на стоковната куќа „Илинден“, со диџеј и забава./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

