Македонија
Комисијата за лустрација предложи измени на Законот
Комисијата за лустрација до Собранието достави Предлог за изменување на Законот за лустрација, информираше денеска на брифинг претседателот на парламентот Трајко Вељановски.
Комисијата за лустрација бара прецизно и недвосмислено да се утврди рокот до кога ќе важи лустрацијата, односно како што се образложува во Предлогот, конкретизирање на временскиот термин, за да нема различно толкување на рокот.
Во делот за верифицирањето на изјавата се бара Комисијата да донесува решение со кое ќе ја верифицира истата.
Од Комисијата предлагаат и да се дополни листата на лица кои се опфатени со овој закон. Бараат тој да биде дополнет со одредба:
„Органите на државата кои именуваат раководни државни службеници, раководни (службени лица) работници, лица со посебни должности и овластувања, овластени државни ревизори и лица кои вршат работа и работни задачи на државна ревизија, лица даватели на услуги во воздушниот сообраќај, кои вршат работа и работни задачи на воздухопловен и стручен персонал од значење на безбедноста на воздушната пловидба, вработени во јавен радиодифузен сервис, функционер или раководно лице во органите и организациите кои не се опфатени со Законот за државни службеници, членови на органи на комори кои се финансираат врз основа на закон, носител на функција во меѓународни организации и институции кандидирани од Република Македонија, вршители на функции и овластувања во други дејности и служби од јавен карактер, по добиено барање од Комисијата за верификација на фактите, должни се до Комисијата да достават известување за именувањата на овие лица“.
Комисијата ја наведува и потребата од дообјаснување на поимите „соработник“, „наредбодавател“ и „корисник на информации“. Во однос на поимот „соработник“ се бара да се допрецизира дали за евентуалниот соработник е доволно да се утврди само име и презиме или со псевдонимот.
Обврска за поднесување писмена изјава, Комисијата смета дека треба да поднесат и новинари и уредници.
За да се стане член на МАНУ, лустраторите сметаат дека е потребно кандидатите задолжително да доставуваат изјави.
Истото да се однесува и на високообразовните установи, но и при вработување во радиодифузно друштво и печатени медиуми и за адвокатите и медијаторите.
Вељаноски меѓу другото потврди и дека координаторот на пратеничката група на ДУИ Тахир Хани на координација ја начнал темата со „дворските досиеја“, и предложил да се усвои Декларација, но посочи дека текстот ќе влезе во собраниска процедура доколку биде усогласен од страна на сите пратенички групи./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

