Македонија
Дебата за измени и дополнување на изборниот законик
Со измените и дополнувњето на Законот за избори јасно се дефинира изборната кампања, како и органите коишто ќе ги проведуваат, нагласи министерот за правда Михајло Маневски на дебатата на кои ги орбазложуваше измените
Правни механизми од незаконското финансирање на кампањата, дефинирање на почетокот и завршувањето на изборната кампања, прецизирање на овластувањата на Советот за радиодифузија, доуредување на одредбите поврзани со гласањето на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство и платеното политичко рекламирање се дел од измените на Изборниот законик коишто во средата ги образложи министерот за правда Михајло Маневски.„Со измените се уредува постапката за увид, запишување и бришење на податоците од избирачкиот список, се предвидува да се врши увид во списокот во текот на целата година во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство, како и преку интернет“ рече Маневски.Со измените јасно се дефинираат и органите за спроведување на изборите, како и изборната кампања.„Со измените се доуредува и надлежноста на Советот за радиодифузија кој треба да донесе правилник за однесување на радиодифузерите пред започнување на кампањата и со него се определува кои медиумски содржини не се дозволени, како и правилник за рамноправен пристап кој го дефинира начинот на известување во медиумското претставување во текот на кампањата“ додаде министерот.Во рок од пет дена од денот на распишување на изборите, радиодифузерите и печатените медиуми со новите измени се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање кои треба јавно да ги објават. Ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.Мисијата на ОБСЕ во Македонија е задоволна што земјава за првпат пристапи кон имплементирање на препораките веднаш по завршувањето на изборите.„Ние очекуваме да го видиме конечниот производ и квалитетот на конечниот производ. Се надевам дека процесот на консултации ќе ги опфати сите оние кои што ќе имаат нешто да кажат за подобрување на текстот. Изборниот законик ќе има голема придобивка доколку е прифатен од јавноста. Очигледно е дека ниеден изборен законик не е совршен и секогаш има потреба од подобрување, и не очекувајте дека ќе бидете единствена земја во светот која што ќе има изборен законик на кој што никој нема да има коментар, секогаш ќе има некакви коментари, забелешки. Ќе ја повторам понудата на ОБСЕ ОДИХР, повторно да го погледнат предлог законот откако ќе биде готов. Ние како мисија на ОБСЕ во Скопје, немаме експертиза што ќе ни овозможи да го коментираме законот, но ја имаме можноста да го испратиме законот до оние кои што имаат експертиза, а тоа е ОБСЕ ОДИХР со седиште во Варшава“ рече Хереро.Со измените и дополнувањата кои беа направени во 2008 година беа вклучени дел од препораките дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР по изборите истата година, како и дел од препораките дадени од Венецијанската комисија на Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

