Македонија
МВР: Муслиу ги фалсификувал досиејата за да и се оддолжи на ДПА
Поранешниот началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, Хисен Муслиу, кој што вчера беше уапсен, во разговорот во полицијата признал дека досиејата ги фалсификувал по налог на ДПА
„Во разговорот во полициска станица, приведениот признал дека материјалите ги имал пред да бидат објавени и дека на истиот му биле дадени од најтесното раководство на ДПА. Мотивот за неговото инволвирање, како што кажал во разговорот, бил да и се оддолжи на партијата и ветувањата кои ги добил за одредени позиции по евентуалното враќање на власт“ изјави помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.Муслиу беше приведен синоќа во неговиот дом во Тетово во рамките на акцијата под работно име „Фалсификатор“ која МВР ја спроведе за утврдување на начинот на кој се изготвувани и проследувани фабрикуваните материјали.Акцијата почнала, откако Комисијата за лустрација ги отфрли досиејата Мама, Вујко, Ибар и Стрелец, како фалсификати.При претресот во неговиот дом полицијата одзела два персонални компјутери, две мемориски УСБ картички, неколку мобилни телефони и две уплатници со кои преку „Вестерн унион“ биле исплаќани пари на име Божидар Спасиќ, поранешниот шеф на специјалниот тим на Југословенска Служба за државна безбедност одговорен за албанската емиграција.Од досегашната анализа на одземените предмети, во компјутерите биле пронајдени 4-те фабрикувани досиеја, но и материјали кои наводно потекнуваат од германската служба БНД во кои најверојатно требало да се направат интервенции.Ова полицијата го поткрепува со фактот што покрај на германски јазик, имало подготвено и одредени страници со различен фонт, погрешни зборови на германски јазик, но и зборови на српски јазик. Исто така пронајдена е и фотографија на која е направен обид за фото монтажа на лидерот на ДУИ со извесниот Божидар Спасиќ.Материјалите кои биле пронајдени ќе се споредуваат и со денешното досие кое беше доставено до Комисијата за лустрација, од германската тајна служба, а во кое се споменуваше името на Али Ахмети.Според МВР, на Спасиќ во периодот од мај до октомври, во четири наврати му биле исплатени околу 4.500 евра.Моментално Муслиу сè уште се наоѓа во полициска станица во Скопје, каде се вршат информативни разговори.Во моментов се разгледуваат повеќе основи за негов кривичен прогон по Кривичниот Закон, Законот за лустрација и Законот за класифицирани информации и по целосното документирање и комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ велат од МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

