Македонија
ДПА: Муслиу не знае да работи на компијутер
Демократската партија на Албанците реагираше на информациите од МВР дкеа Хисен Муслиу фалсификувал досиеја и велат дека приведениот не знаел да работи на компијутер
„Уште еднаш се куртули Али Ахмети. Некои полициски структури со денешниот акт му дадоа максимална заштита на нивниот миленик, Али Ахмети. Според МВР, пронајден е најголемиот фалсификатор, не само во Макеоднија туку и во регионот. Но, замислете според нашите информации од семејството на дотичниот велат дека тој не знае да работи на компијутер“, се вели во реакцијата на ДПА.Од партија велат дека ова го оценуваат како хајка и Албанците биле убедени дека МВР сака да им ја создаде нивната политичка судбина, пренесува Журнал.мк.Муслиу беше приведен синоќа во неговиот дом во Тетово во рамките на акцијата под работно име „Фалсификатор“ која МВР ја спроведе за утврдување на начинот на кој се изготвувани и проследувани фабрикуваните материјали.Акцијата почнала, откако Комисијата за лустрација ги отфрли досиејата Мама, Вујко, Ибар и Стрелец, како фалсификати.При претресот во неговиот дом полицијата одзела два персонални компјутери, две мемориски УСБ картички, неколку мобилни телефони и две уплатници со кои преку „Вестерн унион“ биле исплаќани пари на име Божидар Спасиќ, поранешниот шеф на специјалниот тим на Југословенска Служба за државна безбедност одговорен за албанската емиграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.