Контакт

Македонија

Почнува електронското пријавување за студентски стипендии

Објавено пред

Студентите кои се заинтересирани за стипендии од денеска до 12 декември, на интернет-порталот http://mon.gov.mk. ќе може да аплицираат за академската 2010/2011 година со пополнување на електронска пријава. Студентите по аплицирањето на интернет, од 16-ти до 29 декември во Министерството за образование и наука треба да ги достават сите потребни документи наведени во Конкурсот, заедно со идентификацискиот број за успешно пополнета електронска пријава. Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 25 јануари 2011 година на интернет-страницата http://mon.gov.mk. Министерството за образование и наука од оваа година реши да ги укине студентските кредити поради тоа што, како што велат, студентите речиси никогаш не ги враќале парите од кредитот, и затоа МОН ќе доделува само стипендии. Се воведоа стипендии во три категории и тоа А категорија за талентирани студенти, Б за социјалните категории и В кои ќе се доделуваат според одредени критериуми. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, претходно информираше дека во една учебна година се планира да се одобруваат 200 стипендии за талентираните студенти во износ од 4.000 денари, илјада стипендии во износ од 3.000 денари за В категоријата, и 1.600 стипендии во износ од 2.500 денари наменети за студентите од социјалните категории./крај/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Гинеколошката ординација на д-р Асани била нерегистрирана, доби забрана за работа

Објавено пред

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.

„ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува. При надзорот е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.

Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом“, се наведува во извештајот.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уранија Пировска: Со новата концепција младите луѓе ќе се описменат за човековите права

Објавено пред

За Хелсиншкиот комитет за човекови права, новата концепција за основно образование има пристап којшто ја поттикнува меѓуетничката интеракција и овозможува преку образованието да се пополнува празнината што постои меѓу младите луѓе од различните етнички заедници.

„Хелсиншкиот комитет е фокусиран на работата со младите луѓе, нивното описменување кога станува збор за човековите права, за што секоја година организираме школи за човекови права. Она што секогаш ни произлегува како заклучок е дека во нашето општество, во самото образование, фали еден пристап којшто ќе овозможи меѓуетничка интеракција. Во оваа концепција тоа е многу видливо. И многу е важно што пристапот во развивање на меѓуетничката интеракција е многу сличен на оној пристап што ние со години наназад го препорачуваме“, изјави Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Таа беше една од учесничките на денешната дебата за новата концепција за основно образование, со граѓанските организации. Рече дека доколку низ образовниот процес се поттикнува младите луѓе да се запознаваат, да ги запознаваат карактеристиките на другите етнички заедници, не само што ќе се намали празнината што постои меѓу младите луѓе од различните етнички заедници туку и ќе се намали процентот на насилство.

„Податоците од нашите веб-платформи, едната за говор на омраза, другата за кривични дела од омраза, покажуваат дека најголемиот процент и како сторители и како жртви се младите луѓе. Сметаме дека тоа се должи најмногу на тоа што младите луѓе не знаат за различните од себе, не знаат за нивната култура, за нивната историја, за нивните карактеристики. Сметам дека оваа концепција ќе ја пополни оваа празнина“, изјави Пировска.
Многу е важен приодот на оваа концепција кога станува збор за учењето кај младите луѓе затоа што им се остава простор да ги развиваат своите интереси.

„Наставниците ќе бидат фокусирани да ги развиваат афилијациите на младите луѓе, ќе им се остава простор за критичко размислување, нешто што е многу важно, и секако оние воннаставни активности коишто се предвидени, учеството во различни проектни активности, е многу важно“,  рече Пировска.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поддржува концепцијата, ќе ја следи нејзината имплементација и во целиот процес ќе дава забелешки и сугестии, соопшти Министерство за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јовановски: Конечно преку образованието треба да се срушат бариерите за вклучување на лицата со попреченост

Објавено пред

Претставници од Здруженијата на лицата со попреченост кои денес учествуваа на консултативниот состанок во врска со образовната концепција дадоа целосна поддршка на реформите.

„Со овие реформи за првпат се дава фокус на инклузивноста, недискриминацијата и еднаквоста, затоа даваме целосна поддршка. Конечно треба да се сруши парадигмата за лицата со попреченост дека се неспособни и тоа посебно во раната возраст, а тоа ќе се направи преку реформите во образованието”, рече Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност – Националниот сојуз со лица со телесен инвалидитет.

Јовановски вели дека образованието е единствен пат за стекнување вештини кои ќе им овозможат егзистенција на лицата со попреченост и на нивните семејства.

„За жал, лицата со попреченост се неконкурентни за пазарот на трудот затоа што се неквалификувани. За таа цел сметаме дека реформите се неопходни затоа што со нив ќе се отстранат бариерите физичката непристапност на објектите, а учениците добиваат поддршка”, рече Јовановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа19 минути

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија3 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет3 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа4 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа4 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија5 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија5 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа6 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа6 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија7 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија7 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија8 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа8 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет8 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет19 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет21 час

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија21 час

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет22 часа

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ23 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија1 ден

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Досие