Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ попречува легитимна активност на УЈП
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за случувањата вечерва кај А1 телевизија не станува збор за никаков правен контакт меѓу која и да е институција со телевизијата, обвинувајќи ја опозициската СДСМ дека сака да испровоцира немири а медиумите и политичките партии не треба да бидат покритие за никаков сомнеж. Како што во четвртокот навечер рече Илија Димовски, пратеник и директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за активност на МВР, туку за контрола на Управата за јавни приходи на шест од вкупно 40 фирми регистрирани на истата адреса и во истиот објект каде што се наоѓа А1 телевизија.„Инспекторите на УЈП што се внатре имаат обврска да обезбедат дел од неопходната документација за Управата да ги спрoведе со закон предвидените постапки. УЈП мора да функционира за секого, без разлика дали се газди на телевизија, претседатели и потпретседатели на политички партии и слично“, рече Димовски.Димовски нагласи дека е лошо кога во една држава се наметнува тенденција медиум да биде заштита за покривање на други сомнителни активности. Тој додаде дека СДСМ се обидуваат да стопираат легитимна активност на Управата за јавни приходи. подвлече дека од она што можело да се види на камерите на собирот пред телевизијата присуствувале членови на Централниот одбор и претставници од општинските организации на СДСМ, кои, како што рече, се организирани да предизвикаат тензија и безредија.„Сакаме да искажеме разбирање за новинарите и сите вработени во А1 телевизија што се вовлечени во ваква работа. Доколку има прекршување на Законот институциите ќе поведат попстапка. Медиумите и политичките партии не треба да бидат покритие за никаков сомнеж“, рече Димовски./крај/вмро-дпмне/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

