Македонија
Стартуваше кампањата „Слободно прашај – имаш каде“
Истражувањата покажуваат дека, за жал, кај нас младите во сексуалниот и репродуктивниот период влегуваат неподготвени, без доволно информации.
Со ваков став излезе министерот за здравство Бујар Османи, кој присуствуваше на промоцијата на Советувалиштата за млади за сексуално и репродуктивно здравје кои се отворени од страна на Министерството за здравство во 19 градови.
Тој додаде дека основна цел на овој проект е да се подобри достапноста, брзината и точноста на информациите за сексуалното здравје, сексуално преносливите болести, заштита од несаканата бременост.
Во овие 19 советувалишта, кои се дел од центрите за јавно здравје, стручни лица ќе даваат бесплатни совети и контрацептивни средства.
„Ова е само еден континуитет на мерки и активности кои што се спроведуваат од страна на МОН во основното образование и едно логично продолжение на овие мерки во рамките на предметот „Животни вештини“, во кој учениците се подучувани за сексуалното и репродуктивно здравје. Но исто така, се подучувани и за сексуалното вознемирување за да препознаат што е тоа педофилија и да бидат свесни за сексуалните разлики“, рече министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тодоров рече дека е свесен дека во Македонија сè уште постојат определени предрасуди кај младите за поставување на таков тип на прашања, но дека се надева дека денешната иницијатива ќе им овозможи на адолесцентите да прашаат за сè она што им треба.
Првиот настан во оваа кампања беше организиран во форма на телевизиска емисија и им беше претставен денес на средношколците од скопската гимназија „Никола Карев“, а караванот ќе продолжи низ Битола, Охрид, Тетово и Кочани./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

