Македонија
ДПА најави кривична за МВР
Демократската партија на Албанците денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета до Министерството за внатрешни работи, а на лидерот на ДУИ, Али Ахмети му порачаа да ја напушти политичката сцена.
„Али Ахмети ги продал интересите на Албанците и тоа е повеќе од очигледно, но, да не продал уште нешто друго поради што МВР на хистеричен начин се обидува да го брани? МВР кај нас Албанците има 0,0000 отсто авторитет“, рече Луан Треси, портпаролот на ДПА.
Од ДПА велат дека е време Али Ахмети, Фазли Велиу, Муса Џафери, Гзим Острени и Џеват Адеми да се тргнат од политичката сцена.
Како што информираат од партијата, причина за кривичната пријава е соопштението на портпаролот на министерството, Иво Котевски дека уапсениот Хисен Муслиу ги правел досиејата по наредба на ДПА и му била ветена висока функција ако партијата се врати на власт.
Котевски вели дека легитимно право е партијата да поднесе тужбаи оти е спремен пред судот да ги приложи сите докази во поткрепа на ставовите на МВР.
„Доколку денешната прес конференција на ДПА беше потврда за основаноста на кривичната пријава која што МВР ја поднесе против Хисен Муслиу и доколку истата имаше за цел да ја дистанцира ДПА од сомненијата за кривичното дело поврзано со досиејата, за кое се товари тој, тогаш МВР во целост ги поздравува намерите на партијата“, изјави Котевски.
МВР, рече тој, останува на ставот дека осомничениот при сослушувањето во полиција признал дека „досиејата„ ги имал пред да бидат објавени и дека истите ги има добиено во седиштето на партијата. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

