Македонија
Јанкулоска: Кривични ако се утврди прекршување на законите кај фирмите на „Перо Наков“
Ако се утврди прекршување на законите ќе има кривични и прекршочни пријави за фирмите кои се наоѓаат на улица „Перо Наков“ б.б., изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулсока во врска со последните случувања на оваа адреса, каде се наоѓа и објектот на националната А1 телевизија.
„До овој момент А1 не била предмет на контрола ниту на УЈП, ниту на финансиската полиција ниту на МВР. Во станот во Чаир пронајдени 104 илјади евра“ рече Јанкулоска.
Завчера новинарите на А1 телевизија објавија дека имало полициски упад во нивната телевизија и дека не можат слободно да се движат и да ги извршуваат професионалните обврски.
Некои од новинарите тврдеа дека биле влечени и туркани од полицијата. Од МВР соопштија дека во објектот на оваа адреса се вршело финансиска контрола на фирми кои немале врска со медиумот, но се наоѓале на нивна адреса./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

