Македонија
Нови стипендирања на средношколците
Министерот за образование Никола Тодоров на денешната прес конференција ги презентираше новите три типа на стипендии за средношколци за учебната 2010/2011 година.За талентирани ученици Министерството за образование ќе додели 50 стипендии со износ од 2 200 денари месечно. Овие стипендии пред се ќе бидат наменети за ученици кои имаат просек 5,00 и кои поединечно или екипно освоиле некое од првите три места на меѓународни и државни натпревари.Четиристотини стипендии ќе бидат доделени како социјална поддршка на средношколците во износ од 1 500 денари во период од девет месеци.„Можеби 400 стипендии за социјална подршка не се доволни за целосно да го решат овој проблем, но сигурен сум дека 400 семејства, чии што деца се ученици во средно образование ќе имаат можност за подостоинствен живот и подобри услови за учење – рече Тодоров.Педесетина ученици со посебни потреби ќе бидат стипендирани месечно со по 2 000 денари. За стипендиите за социјална подршка и за ученици со посебни потреби од 100 бода, 60 бода се по основ на остварени приходи и плати во потесното семејство, 20 бода од остварениот приход и 20 бода за деца без родители, деца на самохрани родители, деца на родители со посебни потреби, корисници на социјална помош и корисници на надоместок по основ на технолошки вишок.Конкурсот за стипендиите ќе биде објавен во понеделник, на кој ќе може да се аплицира до 15 декември. крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

