Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Рамковски лаже и за тоа ќе одговара пред суд
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ги демантираа тврдењата на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски и велат оти за изнесувањето на лаги ќе одговара пред суд.
„Да повториме, тврдењата на Велија Рамковски се груба лага. Велија Рамковски ја лаже јавноста. Велија Рамковски на тој начин се обидува да го отргне вниманието на јавноста од основаните сомневања за перењето пари и прикривањето на данок во фирмите на Перо Наков бб.“, рече Сашо Стефановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со прес-конференцијата на СДСМ од владејачката партија велат дека таа била по нарачка на Рамковски.
„Денес Ана Павловска Данева доби нова улога. Овој пат да го штити Велија Рамковски. Таа е жената која сакаше го вовлече словенечкиот премиер Борут Пахор и која што ја префрли одговорноста врз Наташа Савова, за да го одбрани својот партиски шеф Бранко Црвенковски од мега аферата Надеж. Замислете професор на факултет како Ана Павловска Данева, сега не знае што е перење на пари, прикривање на данок, изнесување на пари во вреќи“, рече Стефановски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

