Македонија
Османи : Политичките партии да не ја злоупотребуваат вчерашната трагедија
Ние сме одлучни да одиме до крај да ја откриеме вистината за вчерашната трагедија во Тетово и сакам да пратам апел до политичките партии и до сите субјекти да не ја злоупотребуваат вчерашната трагедија за собирање на политички поени бидејќи има индикации дека истрагата може да тропне и на нивни врати.
Ова е пораката која денеска ја упати Министерот за здравство Бујар Османи по вчерашната трагедија во Тетовскиот клинички центар, кога од силниот ветер се откорна покривот при што животот го загуби 23 годишна студентка од Косово а триесет и деветгодишен скопјанец се здоби со сериозни повреди.
Министерот Османи денеска информираше дека изведувач на самиот покрив кој бил реконструиран пред три години била тетовската фирма Еуропроект а надзорот го водел „Иванов инженеринг“ од Битола.
Османи денеска повтори дека по оваа трагедија , почната е вонредна акција за проверка на структуралната и финкционаланата безбедност на сите здравствени установи во државава.
Во тек е истрага и детална контрола на градбата , која треба да покаже дали причината за вчерашната несреќата е човечки фактор или временските услови.
Пред само неколку дена се урна покривот на болницата во Гостивар. Тогаш немаше жртви, причинета беше само материјална штета./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

