Македонија
Прекинати преговорите меѓу независниот синдикат и Министерството за одбрана
Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ) ги напушти преговорите со Министерството за одбрана, на кои требаше да биде договорен статусот на војниците кои останале или ќе останат без работа по навршување на 38 години.Како што соопштуваат од синдикатот, причина за напуштањето на преговорите се несогласувањата и недоследностите, што според нив, се јавиле при работата на законските измени. Првиот човек на синдикатот, Веле Крбалески, за „Макфакс“ вели дека поголемиот дел од војниците го отфрлаат концептот на активна резерва, според кој, по завршувањето на службата војниците би добивале околу 7.500 денари месечен надоместок во рок од 12 години. Поради ова, тие се вратиле на старите барања, според кои, старосната граница за служба треба да се зголеми од 38 на 45 години, а по завршувањето на службата војниците да се префрлат во други државни институции или да им биле ипслатена отпремнина.„Дојдовме во ситуација во текот на разговорите тие да не можат да дадат резултати“, вели Крбалески.Од независниот синдикат преку соопштение побараа од пратениците да ги поддржат за измените на Законот за служба во армијата на Република Македонија, поднесени од нив пред речиси два месеци, во кои се содржани старо-новите барања на професионалните војници. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

