Македонија
Судењето против Бучковски одложено по четврти пат
Судскиот процес против поранешниот премиер Владо Бучковски денеска повторно беше одложено. Стартот на повтореното судење беше повторно презакажан поради болест на еден од обвинетите Ацо Ѓурчевски. Неговиот адвокат на судиката и кажа дека вчера вечер му се слошило и бил однесен во болница. Вечерта околу еден тој си заминал самоволно од болницата за да може денес да се појави на судење. Но, сабајлето повторно му се слошило и бил однесен во болница.Судиката откако прво прокоментира дека секогаш вечерта пред судењето некому му се слошува, го задолжи адвокатот до 13 часот денеска да достави медицинска документација за болниот, а судењето е со нови термини за декември и јануари. Адвокатот појасни дека на обвинетите им се лоши оти се под стрес и се возрасни луѓе.Бучковски е обвинет за малверзации со набавка на тенковски делови во Министерството за одбрана. Беше осуден на три и пол годишна затворска казна која Апелациониот суд ја укина. Предметот е на повторно судење, но не во организиран криминал туку во обичен.Претходниот пат судењето се одложи оти не дојде директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски. Неговиот адвокат го оправда без медицинска документација. На судиката и кажа дека по телефон бил информиран дека Петковски има проблеми со чирот. На секој судски процес се присутни претставници на Коалицијата за правично судење и претставници од американската амбасада.И поранешниот началник Методиј Стамболиски е обвинет во предметот кој доби иста казна како Бучковски.Двајцата логистичари во одбраната Ацо Ѓурчевски и Нелко Менкиновски, но и директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски, беа осудени на тригодишни казни затвор. Осудените без задолжени и солидарно во буџетот да вратат 2,4 милиони евра. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

