Македонија
Во недела ќе се гласа за единствениот кандидат за градоначалник на Зајас
Државната изборна комисија соопшти дека ги заврши подготовките за предвремените избори за градоначалник на општина Зајас, што ќе се одржат на 5–ти декември 2010 г. До Општинската изборна комисија на време е доставен доверливиот и недоверливиот изборен материјал
Со оглед на тоа дека е поднесена една листа на кандидат за градоначалник, на гласачкото ливче е напишано само неговото име и презиме и името и симболот на партијата што го кандидираше. Мусли Муслиу е единственото име што ќе стои на гласачкото ливче за избор на градоначалник во општина Зајас.Гласачките места, в недела ќе бидат отворени од седум до 19 часот. Право на глас имаат 10.047 избирачи. Еден ден претходно, в сабота, на 4–ти декември, ќе гласа едно лице што се наоѓа на издржување казна затвор. За овие избори се акредитирани 52 домашни и 4 странски набљудувачи.Муслиу е единствениот кандидат што поднел листа до Државната изборна комисија во законскиот рокПредвремените избори за градоначалник на Зајас ќе се одржат откако градоначалничката фотелја во Зајас остана празна откако Бесим Велиу, кој дотогаш беше на чело на општината, беше назначен за член на Комисијата за електронски комуникации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

