Македонија
Груевски: СДСМ за злоупотреба на ситуацијата на „Перо Наков“ бб
Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека опозиционата СДСМ ја злоупотребува и манипулира јавноста со коментарите за случувањата во фирмите лоцирани на „Перо Наков“ бб.
Во реакциите на СДСМ Груевски препознава обид контролата во одредени фирми да се прикаже како влијание врз одреден медиум.„Она што го гледам како однос на СДСМ и на опозицијата, но пред се на СДСМ, е практично злоупотреба на една ситуација кога државните институции сакаат да направат контрола во одредени фирми кои што се стационирани на адресата „Перо Наков“ б.б. и обид за манипулација тоа да се прикаже дека нешто се сака да се направи на некој медиум, тој да биде опседнат со полиција и слично. Тоа не е изненадување за нас. СДСМ и во други наврати се обидувал да ја манипулира јавноста, меѓутоа времето ќе покаже дека тие практично се обиделе да извршат една манипулација со граѓаните на Република Македонија“, изјави Груевски.Премиерот го повтори ставот дека интервенцијата на полицијата минатиот четврток била асистенција за која што судот издал наредба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

