Македонија
Тешка сообраќајка кај село Фариш – еден загинат и еден повреден
Едно лице загина, а друго лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила на делницата од Плетвар кон Дреново, кај кавадаречкото село Фариш, соопштуваат од СВР Велес.
Несреќата се случила при судир меѓу камион и автомобил, а пријавена е во полициска станица Кавадарци околу 14:20 часот. Идентитетот на жртвата и повреденото лице се уште не се познати, а не се познати ниту причините поради кои настанала сообраќајката.
Сообраќајот во овој дел од патот е целосно во прекин. Се очекува да се нормализира за неколку часа./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември
Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека откога ќе ја стокми партијата, ќе почне да размислува за одредени партиски поместувања во Владата, а набргу ги очекува и новите имиња за испразнетите места во Владата и во институциите по изборите.
„Очекувам за испразнетите места да добијам имиња најбргу што може, да видиме дали тие имиња се апсолутно во рамките на кои очекувам да бидат и тие имиња да ги пополнат испразнетите места во Владата и во институциите. Потоа ќе следува партискиот конгрес, редовен, потоа во рамките на партијата реконструкција и паралелно со тоа ќе почнат размислувањата за одредени ресори, институции и така натаму. Ова ќе биде процес што ќе трае, нема да биде од денес за утре“, рече премиерот Мицкоски денес на поставувањето камен-темелник за нов културен дом во Петровец.
Премиерот денес неколкупати повтори дека тој е мандатар и дека неговата одлука ќе биде последна и посочи дека е подготвен да разговара со сите во рамките на коалицијата откога завршат процесите во партијата.
„Сега сме фокусирани на редовниот конгрес, кој ќе биде на 6 декември во Кавадарци. Потоа, нормално, формирање на партиската структура, извршниот комитет, општинските комитети, другите структури, кои се во рамките на партијата, и во меѓувреме додека сето тоа трае, ќе размислуваме за одредени партиски поместувања во рамките на Владата. Јас сум подготвен да разговарам со секого во рамките на коалицијата, но, се разбира, мандатар сум јас. Нормално е дека последниот збор ќе го имам јас“, рече премиерот Мицкоски.
За Беким Сали, кого „Вреди“ веќе го посочи како кандидат за вицепремиерското место наместо Изет Меџити, Мицкоски рече дека има апсолутно високо мислење.
Македонија
Јакимовски не признава пораз, обвинува за нерегуларности: „Во Карпош не победивте, го украдовте“
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во општина Карпош.
„Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку кукавичка. Според него, изборниот процес бил проследен со купување гласови, злоупотреби, притисоци и медиумска блокада.
Во соопштението тој истакнува дека во сите изборни циклуси досега секогаш ги прифаќал резултатите и им честитал на победниците, но дека овој пат не може да признае нешто што не било чесно добиено.
Јакимовски тврди дека бил сведок на, како што наведува, „организирано купување ромски и албански гласови, уцени, двојни гласачки ливчиња и употреба на јавни ресурси во корист на противкандидатот“.
Тој го спореди исходот од изборите со претседателските избори во 1999 година обвинувајќи дека „исто како тогаш, повторно победила неправдата“.
Соопштението завршува со ставот дека, според него, „граѓаните на Карпош се вистинските губитници во оваа нечесна изборна битка“.
Македонија
„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.
„Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја
Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје.
Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.
Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите“, објави тој.
Ќе бидам градоначалник на сите, најави Ѓорѓиевски, без разлика на верска, национална, партиска или каква било припадност.
„За мене, поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување подобра иднина и достоинствен живот за сите.
И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!
Скопје, почитувани, го менуваме од корен!
Уште од вечерва, во 20.30 часот, почнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре почнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив за градот, конечно, да функционира како што скопјани заслужуваат. Скопје ќе добие и нови проекти, а некои од нив ги почнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје, конечно, ќе биде отворен град“.

