Македонија
Визната либерализација овозможува компарација за подготвеноста на македонските студенти
Визната либерализација им овозможи на младите да мо\ат да споредат и да согледаат колку се подготвени и конкурентни со нивните колеги од Европа кога станува збор за образованието и истовремено се избришаа ограничувањата за студии во странство, беше заклучено на панелот организиран УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Панел-дискусијата за мобилноста на младите во Европа е дел од семинарот што УМС на ВМРО-ДПМНЕ го организира во соработка со подмладокот на најголемата партија во Европскиот парламент, Европската народна партија. Семинарот ќе трае до недела, а на него учествуваат повеќе од шеесет млади луѓе, претставници од триесетина држави од кои најголемиот дел од Европската Унија.Учесниците на трибината се согласија дека треба да се отстранат финансиските и прваните пречки коишто ќе овозможат и поголема мобилност на макеоднските студенти во Европа, односно полесно преоѓање од една во друга високообразовна институција.Сашо Стефаноски, претседател на Унијат ана малди сили на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нагласи дека младите од Македонија сега се повеќе мотивирани за барање стипендии на некои од европските факултети зашто знаат дека веќе нема никакви спреги и ограничувања.„По визната либерализација значително е подобрена комуникацијата меѓу младите во Европа, паднаа бариерите кои претходно не ограничуваа и дискриминираа. Се отвори можноста да провериме колку сме подготвени и конкурентни во однос на нашите европски колеги“, рече Стефановски.Тој додаде дека многу малди луѓе заминуваат во странство да се едуцираат, но потоа се враќаат во земјата со што придонесуваат за нејзиниот развој.„Образованието и максималното подобрување на неговиот квалитет останува една од приоритетните цели на Владата. Знаењето е најголема, долгорочна инвестиција, нешто што никому не можете да одземете. Вложување во школувањето значи економски просперитет за секоја земја“, рече вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.Од името на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата со свое излагање настапи Петар Поп Арсов, претседател на собраниска Комисија за европски прашања, кој нагласи дека неговата партија ја Македонија економски и институционално интегрирана во Европската Унија, а токму образованието е еден од начините за постигнување на таа цел.„Само државите кои продуцираат едуцирани кадри се успешни. Македонската влада е свесна за значењето на образованието, ги активира сите инструменти кои максимално ќе го унапредат, а Европската Унија го препозна овој прогрес“, подвлече Поп Арсов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

