Македонија
Дел од професионалните војници бараат оставка на Крбалевски
Дел од професионалните војници денеска побараа оставка од сегашното раководство на Синдикатот на одбраната, на чие чело е Веле Крбалевски.
„За првпат во Македонија имаме Влада која покажа интерес за решавање на статусот на професионалните војници и не треба да ја испуштиме оваа шанса професионалните војници кои завршуваат со работниот ангажман во АРМ, да добијат некоја финансиска поткрепа која ќе трае околу 12 години“, изјави Игор Трајковски, професионален војник во АРМ.
Војниците се незадоволни од работата на актуелното раководство на Синдикатот предводено од Крбалевски, кој одбил договорено решение за статусот на професионалните војници.
Професионалните војници и Министерството за одбрана постигнаа договор на 5 ноември оваа година, а неполн месец подоцна беше соопштено дека договорот не важи.
Договорот со професионалните војници се однесуваше на можноста за покачување на старосната граница за прием на подофицери на служба во АРМ, од 33 на 38 години и финансиски месечен надоместок за секое лице во активната резерва, кој ќе биде во просек од 8.000 денари, поделено по три периоди и тоа без разлика дали станува збор за вработено или невработено лице. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

