Македонија
Селами:Како се менува власта, се менуваат и фирмите што работат за јавниот сектор
Aко се изврши анализа од 1990-та година па наваму, ќе видите дека како се менуваат властите, така се менуваат и фирмите што работат за интересите на јавниот сектор, вели Илми Селами во интервју за Радио Слободна Европа.
Претседателот на државната Антикорупциска комисија додава дека во врска со проектот „Скопје 2014“ сè е како што предвидуваат законите.
„Што значи дека кога ги носиме законите, треба да ги синхронизираме, меѓусебно и да ги контролираме, особено да ги доставиме до Антикорупциската комисија на мислење, за да таа од аспект на антикорупција и антиконфликт на интереси даде свое мислење. Таквата убава пракса, веќе полека спласнува и сè повеќе се носат закони по брза постапка и не се доставуваат на мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата“, рече Селами.
Тој додаде дека тоа придонесува самите закони да произведуваат корупција, самиот систем да произведува корупција и да се доаѓа до ситуација кога има тендерски процедури коишто се предвидени со закон, има понатаму реализација на договорите како што предвидува законот, за повторно на крајот да има корупција. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски
СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни“, рече Петрушевски.
Според владејачката партија, социјалдемократите треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби.
Македонија
Морбидно е партијата што ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравството, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. СДС имаше низа скандали во здравството со матни тендери, заглавување на штипската болница и уништување на Детската кардиохирургија.
Филипче дозволи изградба на модуларни болници без стандарди, а кога трагично изгореа пациенти, тој ја обвини техничката опрема.
Под водство на Филипче, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици па беше вратен на работа, а болниците останаа без основни лекови. Македонија стана држава со најголема смртност за коронавирусот, додека апарати не се користеа.
СДС за време на пандемијата наместо транспарентност и решенија, го оптовари здравствениот систем со неефикасни протоколи и сомнителни договори за вакцини.
СДС беа неспособни и неодговорни. СДС го претвори здравствениот систем во поле за лична корист, и ги игнорираше последиците врз животите на граѓаните.
Филипче, како сегашен лидер на СДС, ја симболира онаа неказнивост која беше присутна за нивните 7 години.
Наместо да понесе одговорност, тој остана на врвот на СДС, иако како министер ги загрозуваше животите на граѓаните преку коруптивни набавки.
СДС здравството го претвори во систем каде што имаше ниски плати, недоволна мотивација и отсуство на реформи што придонесе масовно иселување на лекарите и медицинскиот персонал.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на враќање на довербата во здравството преку транспарентност и отчетност.
ВМРО-ДПМНЕ ги става граѓаните на прво место, а активно работи на подобрување на условите за работа на здравствените работници.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на заздравување на здравствениот систем, а пораката е јасна, дека секој кој го злоупотребил здравството ќе биде ставен под лупа на законот. Време е за темелна ревизија и правна одговорност“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
(Фото) Празничен викенд во Ѓорче Петров – магија, радост и заедништво
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности кои внесоа празничен дух во секој агол на нашата општина, информира општината.
Во саботата, караванот „Зимска Бајка“ донесе магична празнична атмосфера во паркот на Ѓорче Петров. Најмладите преку детскиот музички фестивал „Соната“, кој оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење, ги развеселија нашите најмлади жители. Под раководство на Александар Китевски и Розета Дулевска, фестивалот останува симбол на детскиот талент и љубовта кон музиката.
На дечињата во реонскиот парк им беа поделени новогодишни пакетчиња, се сликаа бесплатно со Дедо Мраз, а уживаа и во дружењето со веселите маскоти. Вечерта ја збогати настапот на детскиот хор „Поточиња“.
Музиката од изведувачите ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска ја задржаа весела и празнична енергијата во текот на целиот настан.
Во фокусот на празничниот викенд беа и постарите жители на општината. На сопствена иницијатива, берберите од нашето Ѓорче во неделата организираа бесплатна акција за шишање на пензионери и лица од ранливи категории.
Градоначалникот Александар Стојкоски изрази огромна благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој празничен викенд, со посебен акцент на хуманите сограѓани: Мики, Пеко, Нено, Боки, Даме, Спасе, Брицо Малеш, Љупчо и Аце Пекар, кои со својата посветеност покажаа што значи вистинска грижа за заедницата.
Во рамки на подготовките за Бадниковите поворки 2025, беа одржани и детски работилници кои прераснаа во вистинска лекција за љубов, вера и заедништво. Секоја активност, секоја изработена декорација и секој детски глас ја раскажуваше приказната за вредностите кои се негуваат уште од најмала возраст.
„Овие празнични денови покажуваат колку можеме кога сме обединети. Нашето Ѓорче Петров блеска со магијата на заедништвото, љубовта и искрените насмевки на сите генерации. Благодарен сум на секој поединец што придонесе да ја создадеме оваа прекрасна празнична приказна. Ве поканувам и во наредните денови да ја посетите нашата новогодишна елка која блесна во реонскиот парк и да ја споделите празничната магија со вашите најблиски“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.