Македонија
Поплави и во кочанско
Надојдените води од Кочанска и Оризарска Река ги поплавија кочанските села Долни Подлог, Горни Подлог и Мојанци, поради што во прекин се патните правци Долни Подлог –Облешево и Горни Подлог – Мојанци.
Без вода за пиење останаа селата Тркање, Подлог и Бање.
Жителите на овој крај се жалат на големи штети. Настрадала стока, ниви, цели домаќинства и стопански субјекти.
„Општина Кочани е во мобилна состојба. Механизацијата на КЈП „Водовод“ и Територијалната противпожарна единица се на терен. Се испумпува водата и се насочува кон сливниот тек на Брегалница. Синоќа заседаваше Кризниот штаб и состојбите постојано се следат“, соопшти Венцо Бојков, раководител во Општина Кочани.
Според податоците од Центарот за управување со кризи, водостојот на вештачките езера се уште расте иако дотокот од синоќа се намалува изнесува 9 метри кубни во секунда на браната Гратче и 80 метри кубни во секунда во браната Калиманци. /крај/ај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

