Македонија
Лифтовска платформа за лица со посебни потреби во училиштето „Михајло Пупин“
Лифтовска платформа наменета исклучиво за лица кои се движат со помош на количка беше поставена денеска во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“. Ова е прва и единствена лифтовска платформа решена комплетно панорамски, со автоматско отворање на врати и опремена со интерфонска врска.Управувањето на платформата е со копчиња што се приспособени и за користење на слепи лица и со неа се обезбедува пристапност до сите катови во училиштето. Платформата е вградена во согласност со сите применливи стандарди и прописи со што е обезбедена достапноста и безбедноста.Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната промоција на лифтот најави дека според програмата на Град Скопје за ресоцијализација и олеснување на животите на лицата со посебни потреби следната година ваква платформа ќе биде поставена и во средното училиште „Арсение Јовков“.Според Програмата на Град Скопје минатата година беа поставени 23 пристапни рампи во дванаесет средни училишта и пет во културни институции, за што Градот од својот буџет одвои два милиони и петстотини илјади денари. крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

