Македонија
Ново наводно досие за висок функционер на ДУИ
Непознато лице денеска достави нови наводни документи до Комисијата за лустрација, во кои се тврди дека лицето Џеват Адеми, наводно бил соработник на тајните служби.Наводниот документ, претставува изјава потпишана од лицето Џеват Адеми, дадена во 1982 година во просториите на ИУСДБ „Кисела Вода“ каде лицето кое ја дава изјавата раскажува за своите активности и како што стои, непријателските активности на уште три други лица.Томе Аџиев, Претседателот на Комисијата за лустрација потврди дека примиле нови записи кои треба да се разгледаат.„Дојде едно лице, донесе записник односно изјава од еден пратеник, таа е и претходно разгледувана, ќе ја видиме уште еднаш, ќе донесеме соодветна одлука сега за сега не ја разгледавме бидејќи ја добивме на крајот од работното време, членовите веќе си заминаа“, рече Аџиев и додаде дека треба да се провери дали се работи за истиот документ, кој комисијата и претходно го разгледувала.„Ќе го видиме ќе го споредиме со другите документи, ако е истиот ќе го отфрлиме,“ рече тој. На новинарско прашање за шпекулациите за постоење на наводни аудио записи, за разговори меѓу Адеми и службено лице во полицијата, Аџиев одговори дека за сега немаат такви информации.„Немаме такви информации во архивот, не можам да ви кажувам, бидејќи се работи за документи кои се класифицирани, не можам да ви кажувам што како е,“ додаде Аџиев.Досега до Комисијата за лустрација се доставени вкупно шест досиеја за соработка на високи функционери на ДУИ со тајните служби. Четири од нив, „Мама“, „Вујко“, „Стрелец“ и „Ибар“, Комисијата за лустрација ги прогласи за фалсификати. За наводното досие од германската тајна служба, Претседателот на Комисијата, Аџиев, денеска изјави дека не може да биде земено во предвид додека за хрватското досие, Комисијата очекува мислење од уште една служба и кога тоа ќе биде доставено, ќе се одлучува за него.„Не исполнуваат ниту еден критериум за да бидат документ, туку тоа се три ливчиња, напишани на германски, пречкртани се половина, нема ни печат ни потпис ни ништо“, рече Томе Аџиев, Претседателот на Комисијата за лустрација за германските досиеја./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

