Македонија
Македонија со интензивни дипломатски активности за спорот со името, вели Груевски
Интензивни активности се превземаат од македонска страна со цел надминувањето на грчката блокада на евро-атлантските интеграции на Македонија и надминување на спорот со името, изјави премиерот Никола Груевски при денешната посета на кочанско.„Владата, Министерството за надворешни работи и претседателот на државата имаат интензивна комуникација со другите држави од Европа и пошироко во обид да добиеме што е можно поголема поддршка во правец на разрешување на најгорчливото прашање со кое што земјата се соочува на надворешен план, а тоа е блокадата од Грција. Исто така, правиме интензивни напори во комуникацијата со Атина да се надмине ова прашање и да се најде некое решение кое што би ги деблокирало процесите и би ги нормализирало односите меѓу Македонија и Грција кои овој проблем сериозно ги оптоварува на политички план“, рече Груевски.Македонскиот премиер изјави дека во рамки на овие интензивни комуникации е и јавниот повик на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски до медијаторот Метју Нимиц за што побрзо предложување на некое решение, како и писмата упатени до неговиот грчки колега, Димитрис Друцас и неговите европски колеги за поддршка на Македонија на претстојниот Европски Совет. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

