Македонија
И натаму рејтингот на Груевски трипати поголем од Црвенковски
Премиерот Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште имаат солидна предност пред лидерот на опзоицијата Бранко Црвенковски и СДСМ, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања, но речиси една третина од гласачите ќе апстинираат
Доколку утре би се одржувале парламентарни избори, 28 отсто од гласачите не би излегле да гласат, 23 отсто би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, а 11 отсто за СДСМ.Ова го покажа телефонската анкета спроведена месецов од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).Од албанските партии најголем број на гласови би добила ДУИ, односно за оваа партија би гласале 6 отсто од населението, а за ДПА два отсто.Според анкетата најголем рејтинг од лидерите има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 23,9 отсто од испитаниците му веруваат, по кој следува лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со 8,6 отсто.Сличен е соодносот на рејтинзите и кај лидерите на париите од албанскиот кампус. Кај албанскиот политички блок најголем рејтинг ужива лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,3 отсто, по кој следува лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој има рејтинг од 2,3 отсто, а лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани со 1,5 отсто.На ниту еден политичар не му веруваат 38,6 отсто од испитаниците.Телефонската анкета е спроведена на 1110 испитаници, со цел да се измери рејтингот на политичките партии и нивните лидери, во контекст на, како што велат од ИПИС, последните најави за можни предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

