Македонија
Тасева: Проблемот со корупцијата останува алармантен
Дури 21 отсто од македонските граѓани платиле мито за да добијат внимание при завршувањето на некоја работа во државните институции, покажува истражувањето на Глобален корупциски барометар, информираат од „Транспарентност – Нулта корупција“.Овој резултат Македонија ја става на второ место на западниот Балкан, веднаш зад Босна и Херцеговина, каде 23 отсто од граѓаните платиле мито, се вели во извештајот, презентиран по повод 9-ти декември, Светскиот ден за борба против корупцијата. „Не би сакала да изразам честитка по повод овој ден, затоа што состојбите во Република Македонија не се за честитка. Состојбите се загрижувачки“, вели Слаѓана Тасева, претседател на „Транспарентност – Нулта корупција“.Според резултатите на Глобалниот корупциски барометар, Македонија се наоѓа во групата земји во светот каде судството е најкорумпирано. Дури 39,6 отсто од граѓани сметаат дека судството е екстремно корумпирано, додека 21,7 отсто го сметаат за многу корумпирано. Степенувајќи ја корупцијата кај политичките партии, 32,4 отсто од граѓаните рекле дека тие се екстремно корумпирани, 18,1 отсто ги оцениле како многу корумпирани, а 28,5 отсто дале средна оценка. Во однос на јавната администрација, 29,3 отсто од граѓаните оцениле дека таа е екстремно корумпирана, 20,6 отсто многу корумпирана, а 25 отсто дале средна оценка. Како најмалку корумпирана институција граѓаните ја сметаат војската. Дури 34,5 отсто од нив сметаат дека таа не е корумпирана, 24,1 отсто како малку корумпирана, додека 17,2 отсто дале средна оценка. Запрашани за тоа на кој начин се променила корупцијата во државата во последните три години, 27,4 отсто одговориле дека многу се зголемила, 18,7 отсто дека малку се зголемила, за 27,4 отсто таа останала иста, додека за 20,4 отсто таа малку се намалила. Околу три отсто од граѓаните сметаат дека таа се намалила.„Проблемот со корупцијата во Република Македонија беше и останува алармантен, значи многу сериозен. Она што загрижува во последно време е што проблемот со антикорупцијата е алармантен. Ние имаме проблем со антикорупцијата, со антикорупциските институции, со корупцијата во судството, начинот на работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, со начинот на кој што постапува полицијата и сите други институции. Затоа, наш фокус на работа во иднина ќе биде и антикорупцијата во Република Македонија“, изјави Тасева.Истражувањето на Глобалниот корупциски барометар за 2010-та година опфаќа 91.500 испитаници во 86 земји од светот. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

