Македонија
Чешката Република додели стипендии за македонските студенти
Владата на Чешката република ќе додели три стипендии наменети за македонски студенти кои се заинтересирани да студираат во оваа земја.
Една стипендија ќе биде доделена за редовни магистерски студиски програми на чешки јазик на земјоделските науки, а другите две стипендии се за докторските студиски програми во областа на земјоделските науки, економијата, трговијата и информатиката.
“Селекцијата на кандидатите за доделувањето на овие стипендии ќе биде извршена заеднички од страна на меѓуресорска комисија, составена од претставници од Министерство за внатрешни работи на Македонија и МОН. Конечниот избор на кандидатите ќе го изврши Владата на Република Чешка“, рече министерот за образование, Никола Тодоров.
Амбасадорот на Чешката Република, Јозеф Браун ги охрабри македонските студенти да аплицираат за стипендиите и да ја посетат Чешка.
„Владата на Чешка ги поддржува младите во сите области каде е потребна помош, и особено се радуваме што сме повторно во Македонија, со оглед на тоа дека имаме добро искуство со македонските студенти кои студираат во Чешка“, рече амбасадорот Јозеф Браун.
Стипендиите за магистерските студии ќе изнесуваат 360 евра месечно, додека за докторските студии 380 евра месечно./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

