Македонија
Адамова: Некои гинеколози не си ја вршат својата работа
Целосно е исполнет капацитетот на одделот за интензивна нега и терапија за предвреме родени бебиња при Клиниката за гинекологија поради што и до три деца се сместуваат во еден инкубатор.
Од клиниката велат дека причината за предвреме родени бебиња е поради зголемениот број на мајки со урогенитални инфекции и зголемен број на инвитро оплодувања кои доведуваат до предвремено раѓање.
Гордана Адамова, професорка на универзитетската клиника вели дека некои од гинеколозите не си ја вршат работа како што треба. Според неа не е важен само бројот на прегледи, туку потребни се и дополнителни брисеви.
„Голем број деца се со вродени инфекции, најголема причина за предвремено раѓање е зголемениот број на мајки со урогенитални инфекции. Не е важен само бројот на прегледи, туку треба и да се земат брисеви“, изјави Адамова.
Елизабета Петковска, раководител на одделот за интензивна нега, смета дека има затајувања во примарната здравствена заштита и поради тоа дури половина кои влегуваат во интензивна нега се со вродени инфекции.
Сашо Јовчевски, директор на Гинеколошко-акушерската клиника вели дека и во високо развиените земји и според стандардите дозволено е доколку инкубаторите се големи да можат да се сместат и до три деца.
„Во високо развиени земји така се работи со оглед на тоа дека инкубаторите се големи доколку постои простор се сместуваат две и до три деца не само кај нас, туку и во цел свет“, вели Јовчевски.
Поради намалeниот капацитет на интензивната нега денеска „Вип“ операторот донираше опрема во вредност од 8.000 евра за набавка на четири апарати за мониторинг на виталните параметри кај новороденчињата кои ќе ја следат срцевата акција и заситеноста со кислород во крвта. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

