Македонија
Димов: Некој сака да ја порекне реалноста во ресорот одбрана
Во период кога Македонија добива највисоки оценки за сето она што го прави во областа на одбраната и армијата, неколкумина се обидуваат да ја порекната реалноста и да ги негираат искажувањата на сите странски претставници
Ова денеска го изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Сашко Димов како реакција на пресконференцијата на Независниот синдикат на одбраната (НСО), на која меѓудругото беше речено, дека вработените во одбраната работата во многу лоши услови. Димов упати апел до водачите на НСО наместо да држат прес конференции да одат во Велес за да го видат новиот целосно реконструира објект, да ги видат двата нови објекти во касарната во Кичево и да отидат во магацините да ги погледнат новите над 5.000 обувки за припадниците на АРМ. „Оставаме на македонската јавност да процени, а ние во иднина ќе продолжиме да ги реализираме проектите кои што се директно поврзани со припадниците на армијата, за стандардот и условите за работа и сето она што значи АРМ“, рече Димов.Портпаролот на Министерството за одбрана констатираше дека некој во државата сака да го спушти нивото на комуникација со јавноста на најниско можно ниво.„Овие денови тоа го гледаме од повеќе различни места со повеќе различни лица, но со користење на буквално истата реторика, која што значи премногу ниско ниво, целосно бегање од реалноста и создавање на една слика, во која што и самите тие не веруваат
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

