Македонија
Хумар: До решавање на името, посветете се на реформи
Се додека прашањето со името не биде решено, Македонија треба да останете фокусирани на реформите, посебно во секторот на одбраната.Ова го изјави високиот претставник на Алијансата во Република Македонија генерал Давид Хумар во Неделното интервју за Радио Слободна Европа. „Пораката која лидерите на НАТО ја испратија на самитот во Лисабон е дека вашата земја ќе ја добие поканата за членство штом се постигне заеднички прифатливо решение за спорот со името во рамките на Обединетите Нации“, рече Хумар. Според него, се додека прашањето со името не е решено, Македонија треба да остане фокусиранa на нејзиниот пат за реформи, посебно во секторот на одбраната и да продолжи не само со подобрување на овој сегмент, туку и со остатокот од системот.„Ова во секој случај мора да го направите, не заради НАТО или некој друг, туку заради самите себеси. Прашањето за името е вистинското прашање во моментот, но исто така мислам дека долгорочно, важни се вашиот развој и реформите кои треба да се спроведуваат на повисоко ниво,“ изјави генерал Хумар. /крај/рсе/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

