Македонија
Милошоски за Скај: Ниту Македонија ниту Грција не профитираат од спорот со името
Ниту Грција, ниту Македонија не профитираат од спорот со името, вели шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во интервју за грчката Телевизија СКАЈ.„Македонија не профитира, бидејќи, наместо најблискиот сосед да и биде најголем поддржувач за европска интеграција, се соочуваме со пречки. Грција не профитира бидејќи наместо да преземе посериозна и пореална одговорност за регионалниот развој, за безбедноста и за европска интеграција на регионот, ја плаќа цената со негативен имиџ во европското семејство, за фати за неразбирлив проблем со соседот“, вели Милошоски. Промоцијата на идентитетот од македонска страна, според Милошоски е последица на грчкиот притисок и негирање на правото на самоопределување.„Нашите изјави, или нашата желба да се промовира националниот идентитет,во поголема мера, може да бидат сфатени како последица, или реакција на тој притисок или обичај на негирање на правото за самоопределување“, вели Милошоски за СКАЈ. Шефот на македонската дипломатија во интервјуто за грчката телевизија го посочува и фактот дека 129 земји од светот ја признаваат Македонија под уставното име.„Сложено име во кое фигурира зборот македонија не е нешто ново во грчката политика.постои уште од 1995-та година. Да разговараме за проблемот, но да бидеме малку пореалистични за спектарот на употреба на евентуалното решение или компромис и да земеме во предвид дека во изминатите 20 години 129 земји од светот, членки на ОН, ја признаа мојата земја како Република Македонија“, вели Милошоски.Тој смета дека во 1999-та и 2000-та година Македонија и Грција биле најблиску до решение, но таа шанса, според него, била пропуштена. /крај/skaitv/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

