Македонија
На работа со велосипед, но по безбедни патеки
Доколку постои подобра инфраструктура и услови за безбедно користење на велосипедот како превозно средство, би поттикнало повеќе граѓани да одат на работа со велосипед, покажува истражувањето на здружението „Коалиција за одржлив развој“.Истражувањето чија цел е промоција на иницијативата „На работа со велосипед е во ред“, покажува дека лицата постари од 55 години повеќе го користат велосипедот како превозно средство, за разлика од другите старосни групи. Жените се повеќе подготвени да одат на работа со велосипед за разлика од мажите кои дури 34 проценти го користат автомобилот како единствено превозно средство.Од вкупниот број на испитаници, истражувањето покажува дека 33 проценти од испитаниците го користат автомобилот како примарно превозно средство. Интересно е дека веднаш зад нив се велосипедистите и пешаците. Потоа доаѓа јавниот превоз, а најмал број граѓани користат такси превоз за да стигнат до работното место. Скопјани би оделе на работа со велосипед доколку се создадат безбедни велосипедски патеки и паркиралишта за велосипеди на работното место. Освен тоа тие сметаат дека работодавачите треба да создадат финансиски и нематеријални субвенции, како на пример службен велосипед, а би се одлучиле за велосипед доколку тие се поефтини, доколку постои поголема сообраќајна култура и доколку се зголеми свеста кај граѓаните за нивно користење.Во истражувањето кое траеше два месеци беа опфатени 730 граѓани, вработени во приватни компании, јавни претпријатија, образовни институции, јавна администрација и невладини организации.Здружението Коалиција за одржлив развој има за цел да ја промовира иницијативата „На работа со велосипед“ која подоцна ќе прерасне во поширока кампања за подигнување на свеста на граѓаните, бизнис компаниите и јавните институции за концептот за одржлива урбана средина. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

