Македонија
Калеников со совети за новинарите-ССНМ реагира за навреда
На денешната трибина „Ликвидност за развој“ претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников, на снимателите и новинарите им даде неколку совети околу тоа како треба да се штеди
„Тука секоја новинарска екипа има снимател или фоторепортер и новинар. Кога бев на саем за автомобили новинарките беа згодни и дотерани и самите носеа статив и камера“, рече Калеников.Тој по завршувањето на официјалниот дел од трибината давајќи го овој пример објасни дека на тој начин компаниите штеделе со ангажирање на еден ист човек кој извршува две задачи. На ова еден од снимателите искоментира дека на примерот може да се гледа и како на начин што само ќе ја зголеми невработеноста.За изјавата на Калеников преку соопштение реагираше Синдикатот на новинарите и медиумските работници (ССНМ) во кое се вели дека на овој начин тој ги навредува и понижува медиумските работници.„Забелешките и споредбите на Калеников за непотребноста на снимателите и физичкиот изглед на новинарките ги сметаме за навредливо и понижувачко однесување кон колегите кои се наоѓале на работна задача“, се вели во соопштението на ССНМ.Од синдикатот потсетуваат дека согласно член 9 од Законот за работни односи е забрането вознемирување на работниците на нивното работно место, а под вознемирување се подразбира секое непријателско, понижувачко или навредливо однесување и се надеваат дека ви иднина нема да се повторат вакви инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)