Македонија
Независниот синдикат на професионалните војници обвинува за притисоци
Членовите на Независниот синдикат на професионалните војници денеска обвинија за притисок врз нивното членство, кое според нив, се правело со непродолжување на договорите за дел од нивните припадници
„Имаме проблем со договорите на нашите колеги. На пример, нашиот колега што е потпретседател на собранието на синдикатот постојано беше под околности да се создаваат иницијативи за престанок на работен однос и тоа не успеа. Секоја негова иницијатива буквално паѓаше во вода, па кога дојде ред да му заврши договорот, не му го продолжија до 38-та година. Прашуваме дали е тој начинот за сузбивање на нашата активност за подобрување на статусот на професионалните војници?“, изјави Веле Крбалески, претседател на синдикатот.Побараа да им бидат исплатени заостанатите дневници, кои според нив, доцнат од август.„Уште еднаш повикуваме да се исплатат заостанатите дневници на вработените во армијата, поради тоа што последните се исплатени за месец август. Тука би се надоврзал и за опремата, која што ја споменуваше министерството. Ние сме доста шаренолики и голем е процентот кои што сами си купуваат обувки. Ако ни ги дадат и заостанатите дневници, веројатно луѓето сами ќе си земат додека чекаме да се среди со тендерите кои што само се најавуваат постојано и потоа се бараат изговори за неизвршувањето“, изјави Крбалески.Во врска со излегувањето во јавноста на незадоволни членови на синдикатот по повлекување од преговорите со Министерството за одбрана, Крбалески повика да не се создава раздор меѓу професионалните војници.„Јас и претходно изјавив дека професионалните војници некој ги потценува со тоа што се случи, додека пак нашето членство го повикавме да не ги осудува професионалните војници, затоа што не знаат под какви околности се најдоа во тој момент кога ја даваа изјавата“, изјави Крбалески.Тој објасни дека од преговорите со министерството се повлекле поради барањето на членството. Бараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, да го стави на дневен ред нивниот предлог, според кој, старосната граница за служба треба да се зголеми од 38 на 45 години, а по завршувањето на службата војниците да се префрлат во други државни институции или да им биле исплатена отпремнина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.