Македонија
Земон: Државата води малку внимание за помалите етникуми
Рамковниот договор треба да се редефинира за вистински да ја отсликува Македонија како мултиетничка и мултикултурна држава, вели Рубин Земон од Сојузот на Балкански Египќани за OhridNews.Според него, помалите етнички заедници се маргинализирани од двата доминантни народи и се повеќе земјата добива карактер на би-национална, наместо мултиетничка.„И покрај тоа што во 2001 година се визионираше патот Македонија да се развива како мултикултурна држава, за жал таа се повеќе во практика се развива во биетничка, бикултурна, бирелигиска држава и многу малку се води внимание за другите етникуми“, вели Земон. Тој изразува стравување дека престојниот попис на населението нема реално да ги одрази состојбите во државата. „Проблемот не е во изјаснувањето, туку во обработката на податоците. Имаме големи индиции дека во пописот во 2002 година се случи фалсификување на бројките и се плашам дека ако немаме доволно добра контрола, пред се од Меѓународната заедница и невладиниот сектор, можат тогаш да се појават одредени недоследности во пописните резултати, смета Земон од Сојузот на Балкански Египќани, организација што викендов го одржа својот втор конгрес во Струга. /крај/ohridnews//гм/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

