Македонија
Коњановски: Турција е еден од најважните наши партнери
Министрите за одбрана на Македонија и Турција, Зоран Коњановски и Веџди Ѓонул на денешната средба во Скопје констатираа добра соработка меѓу двете земји на воен и одбранбен план. Според Коњановски, фактот што Турција досега на Македонија и има доделено околу 16 милиони евра помош, е најдобар доказ дека оваа земја е една од нашите најважни партнери. Двете министерства денеска склучија нов договор за воено-финансиска соработка вреден 1,4 милиони турски лири (околу 900.000 долари). „Не постои средба каде што учествуваме ние како министри за одбрана, а господинот Веџди Ѓонул да не земе збор и да ја поддржи Република Македонија. Сакам уште еднаш да нагласам дека недвосмислено нашиот пат продолжува кон НАТО интегративниот процес. Ние сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и на тој пат и понатаму ќе ни бидат потребни пријатели. Ние знаеме дека еден од најсилните поддржувачи и најсилните партнери кои даваат и ќе ни даваат поддршка на тој пат кон НАТО е Република Турција“, изјави Коњановски.Ѓонул, од своја страна, пак, вети дека Турција и понатаму е подготвена да ги сподели своите искуства на воено-одбранбен план со Македонија.„Турција е првата земја која што ја призна Република Македонија и која што прва испрати амбасадор во Република Македонија, дотолку повеќе што Република Турција ја призна Република Македонија под нејзиното илјадагодишно име, а не со некоја кратенка. Денеска со задоволство гледаме дека Република Македонија во европски рамки се докажа со напредната демократија, со извонредни стандарди, со воени стандарди и со други развојни можности кои се мерливи со сите други напредни земји во Европа и регионот“, рече Ѓонул.Ѓонул, кој ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, попладнево ќе го посети Техничкиот ремонтен центар, каде што ќе биде предадена турска донација за потребите на АРМ, вредна околу 253.000 долари. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.

