Македонија
Граѓаните на Карпош донираат производи за своите сиромашни сограѓани
Граѓаните на Карпош денеска и утре ја имаат шансата да донираат производи за своите сограѓани кои за празниците ја немаат среќата да имаат преполна трпеза.
Општината Карпош организира голема хуманитарна акција во која пред 14 маркети на територијата на општината се поставени штандови каде вработените ги информираат луѓето дека од купените производи кои ги купуваат за нивното семејство, доколку сакаат, можат да донираат секакви производи од маркетите за социјалните случаи во оваа општина.
„Во текот на денот ние ќе ги спакуваме пакетите и ќе ги дистрибуираме до семејствата што ги имаме веќе регистрирано во нашата општина како социјални случаеви, како лица на кои ова најмногу им е потребно. Ова го правиме со цел пред новогодишните и божиќните празници малку да им го развеселиме нивниот дом, да им покажеме дека и општината и градоначалникот се грижат за овие семејства и се трудиме на секој можен начин да им го подобриме и малку развеселиме животот“, рече за Макфакс, Гордана Стојчевска – Зафировска, раководител на оделението за детска социјална и здравствена заштита, која работеше на штандот пред маркетот Веро.
Таа вели дека оваа акција се организира по втор пат, и дека минатиот пат биле собрани 120 пакети со производи кои биле донирани на посиромашните семејства во општина Карпош.
„Самите семејства беа многу благодарни и изненадени од оваа постапка, и затоа апелираме на сите граѓани кои се хумани, да дојдат и да донираат производи, гарантираме дека пакетите ќе стигнат во правите раце, на оние на кои сега најмногу им се потребни“, рече Стојчевска – Зафировска.
Акцијата под наслов „Да бидеме хумани за нашите соседи“, според организаторите, веќе наидува на голема поддршка кај Карпошани . /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

