Македонија
Кампот „Ејбл“ предаден на Министерството за одбрана
Штабот на НАТО во Скопје денеска на Министерството за одбрана и го предаде кампот „Ејбл“, кој е дел од касарната „Страшо Пинџур“ на аеродромот „Александар Велики“
Командантот на НАТО штабот и висок воен претставник на алијансата во Скопје, бригадниот генерал Давид Хумар, при примопредавањето изрази очекување дека во следната година ќе има напредок во преговорите во спорот со името, што ќе овозможи прием на Македонија во алијансата.„Искрено се надевам дека следната година ќе донесе напредок во преговорите за името и сите ќе можеме да ве видиме како земја членка на НАТО. Посакувам официјалните лица вклучени во преговарачкиот процес да најдат доволно волја, сила и храброст за да најдат компромисно решение и со тоа да ја обезбедат економската перспектива на луѓето во земјава“, изјави Хумар.Функциите на кампот за поддршка на силите на КФОР во иднина целосно ќе ги извршува Армијата на Република Македонија.„Овие клучеви кој денеска ги добивам, се клучеви кои ја симболизираат нашата зрелост и подготвеност како и нашето партнерство со алијансата. Нашето принципиелно и искрено партнерство, докажано тука во Република Македонија, докажано во Косово, во Авганистан и во Ирак“, изјави министерот за одбрана, Зоран Коњановски при чинот на примопредавањето.Планирано е во иднина штабот на НАТО во Скопје да биде целосно сместен во Министерството за одбрана и да биде фокусиран на поддршка на реформите во одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

